Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со мнозинство гласови го прими Косово за член на организацијата, соопшти ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на весникот „Вол стрит џорнал Јуроп“.
Според податоци на весникот, во гласањето учествувале повеќе од половината земји-членки на ММФ.
Официјален претставник на косовската власт, соопшти дека земјата, исто така, има намера во јуни да се вклучи и во работата на Светската банка.
Присоединувањето на Косово кон ММФ, забележа тој, ќе даде можност за добивање пристап до дополнителна економска помош, која ќе го обезбеди задржувањето на странските инвеститори во земјата.