-->

Папата кон средината на мај може да го посети Ирак

Папата Бенедикт Шеснаесети може да го посети Ирак во средината на мај, во рамки на неговата обиколка на Блискиот исток, соопшти весникот „Сабах“, повикувајќи се на парламентарни извори.

Според анонимниот пратеник, Ватикан ја разгледува посетата на Багдад на покана на претседателот Џалал Талабани и премиерот Нури ал Малики, која ќе му дозволи од лице место да ја види ситуацијата во земјата, особено со ирачката христијанска заедница.

Весникот потсетува дека располага со солидно досие за успешни предвидувања на ненајавени посети на Ирак, пренесоа агенциите. Најсвежиот пример е од март, кога „Сабах“ предвиде дека Барак Обама ќе пристигне во Багдад на почетокот на април - неколку недели пред американскиот претседател да пристигне во ненајавена посета на земјата.

Посетата на папата на Јордан, Израел и Западниот брег почнува на 8 мај.

 

Copyright © 2009 selotejp.com