-->

Постер од Чак Норис обезбедува пекара

Сопствениците на една хрватска пекара ги плашат крадците со постер од актерот Чак Норис.

Пекарата веќе неколку пати била цел на локалните крадци се додека сопствениците не залепиле постер од холивудската ѕвезда на кој што пишува ,,Оваа продавница е под заштита на Чак Норис”.

По оваа случка продавницата воопшто не била ограбена во текот на последниов месец.

-Да бидам искрена отпрвин се започна како шега но навистина успеа. Крадците не ни се приближиле долго време. Изгледа луѓето го почитуваат, истакнува помошничката Мирна Ковач.

Според неа неколку од околните купувачи биле заинтересирани за тоа каде би можеле да добијат автограм од Чак Норис.

- Сите од оваа населба ги гледаат неговите филмови па затоа е мошне популарен лик, дури и помеѓу криминалците, можеби затоа не оставија на мира, потенцира Ковач.

 

Copyright © 2009 selotejp.com