Белата куќа синоќа соопшти дека нема да бидат прекинати водушните напади во Авганистан и покрај барањето на претседателот Хамид Карзаи.
- Ние ќе се обидеме даги исправиме грешките и секако да ја зацврстиме нашата командна одговорност, но да кажеме дека нема да има воздушни напади тоа ви било неразумно, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејмс Џонс, додавајќи дека ќе се удвојат напорите да не страдаат авганистанските цивили.
Карзаи при минатонеделната посета на САД побара прекин на воздушните напади врз талибанците со образложение дека во нив гинат цивили.
Неколку стотина студенти вчера протестираа во Кабул поради американските воздушни напади, извикувајќи „Смрт за Американците“.
Американската армија во саботата потврди дека во неодамнешните воздушни напади во авганистанската западна провинција Фарах загинале цивили, но не прецизира колкав е нивниот број.
Локалното население на властите во Фарах им предаде список со имиња на 147 лица, меѓу кои жени и деца, за кои тврдат дека загинале за време на американските воздушни напади на почетокот од минатата недела.