Нафтата на берзата во Њујорк поефтини по вчерашниот раст на највисокото ниво во последните пет месеци, што е последица на големиот оптимизам на инвеститорите дека е близу крајот на економската рецесија и дека со тоа ќе се овозможи заздравување на светската побарувачка на енергенсот.
Цената на американската „лесна“ нафта за терминска испорака во јуни утрово на Њујоршката стокова берза опадна за 40 центи, на 54,07 долари за барел, откако синоќа се зголеми за 1,27 долари, на највисокото ниво од 24 ноември 2008 од 54,47 долари за барел.
Вчерашното поскапување на „течното злато“ беше поттикнато со растот на вредноста на индексот а берзите во светот и со позитивните економски податоци за САД, Европа и Азија, кои ги охрабриле наддавањата дека најлошиот дел на кризата поминал.
Високиот претставник на американските Федерални резерви Џефри Лекер, вчера изјави дека рецесијата попушта и дека економскиот раст ќе заздрави кон крајот на годината.