-->

Со две години станала член на МЕНСА

Двегодишната лондончанка Елис Тен Робертс стана најмладиот член на МЕНСА со коефициент на интелигенција (IQ) од 156.

Малата Елис на петмесечна возраст го кажала својот прв збор, нарекувајќи го нејзиниот татко „Dada“ (тато), три месеци подоцна проодела, а два месеци потоа почнала да трча.

Пред својот прв роденден девојчето вундеркинд можело да го препознае своето име испишано на хартија, а со 16 месеци веќе знаела да брои до 10. Сега двегодишното девојче може истото да го направи и на шпански.

Инспирирани од приказната за Џорџија Браун, која станала член на Менса на двегодишна возраст, родителите на Елис, решиле да ја одведат својата ќерка кај професорот Џоан Фриман, специјалист за образовна психологија.

Откако Елис го завршила 45-минутниот IQ тест, проф. Фриман во писмениот извештај запиша дека Елис е „е многу повеќе од паметна – таа е надарена“.

Само лица со IQ од 148 и повеќе можат да станат членови на МЕНСА. Просечниот коефициент на интелигенција е 100. Само 0,2 отсто од децата на двегодишна возраст имаат натпросечна интелигенција.

-Планираме да направиме се за таа да продолжи да учи и тоа на едно понапредно ниво. Не сакаме таа да престане да учи и да напредува само за да може да се вклопи во средината. Сакам да биде среќна и да ужива во својот талент, изјави Едвард, таткото на Елиса.

 

Copyright © 2009 selotejp.com