-->

Чавес почна да го запленува имотот на нафтените компании

Истиот ден кога национално собрание на Венецуела го донесе законот со кој се овозможува запленување на имотот на некои нафтени компании, претседателот Уго Чавес веднаш почна со спроведување на законот, пренесуваат американските медиуми.

По неодамнешните судири меѓу венецуелската нафтена компанија „Петролеос де Венецуела ЦА“ и домашните и странски служби кои на компанијата и помагаат во вадењето нафта, веќе од денеска „Петролеос де Венецуела ЦА“ ќе почне со заплена на 300 чамци, десетина пристаништа и друга транспортна инфраструктура на западот на земјата, на езерото Маракаиба.

Според усвоениот закон, државната нафтена компанија може кооперантите да ги преземе без вообичаената експропријациска постапка, а заедно со имотот ќе се преземат и околу 8.000 работници.

 

Copyright © 2009 selotejp.com