-->

Лили Ален е ново заштитно лице на „Chanel“

Британската пејачка Лили Ален е ново заштитно лице на чантите од „Chanel“, со што успешно ги спои страста и работата. Лили е позната како пасиониран колекционер на торбите на „Chanel“ и никогаш во јавноста не може да ја видите со торба од некој друг бренд.

- Никогаш во животот не сум помислила да купам друг бренд на чанти, освен од „Chanel“. Имам десетици торби дома, а најомилена ми е култната 2.55. Освен тоа редовно ги посетувам ревиите на „Chanel“, а мојот плакар е преполн со модели од таа модна куќа. Среќна сум што лично Карл Лагерфилд ми ја даде понудата, изјави Лили.

Лагерфилд неодамна ја пофали Лили Ален и ја опиша како многу забавна девојка. Но, славниот дизајнер отиде и чекор понатаму со што ја одбра Лили за своја нова модна муза.

Ален веќе следната недела ќе сними кампања за колекција на чантите за сезоната есен/зима 2009, а снимањето ќе се одржи во Лондон.

 

Copyright © 2009 selotejp.com