Според последните извештаи на Citroen, Французите забрзано го подготвуваат лансирањето на својот прв хибриден автомобил - моделот DS5 кој би требало да се појави на пазарот до 2011 година.
Моделот на Citroen би требало да биде заснован на концептот C-Sportlounge кој беше претставен во 2005 година на автосалонот во Франфурт. Првиот хибриден автомобил на Citroen ќе користи систем на дизел мотор сместен напред и електромотор сместен позади, кои заедно ќе развиваат 200 коњски сили.
DS5 би требало да биде луксузно опремен семеен автомобил, а Citroen наводно планира да почека со неговото лансирање се до дека нејзината сестринска компанија Peugeot не го лансира хибридот 3008.