-->

Т-Home патролата носи забава во домовите!

Неколку македонски семејства во Скопје, Битола и Гостивар кои се одлучија за новата Т-Home Call&Surf понуда, покрај брзиот интернет, бесплатните разговори и едномесечното тестирањето на MaxTV ги изненади и посетата на Т-Home патролата, која донесе забава во нивните домови!

Минатата недела семејството Блажевски од Скопје беше едно од семејствата кои ги посети Т-Home патролата.

Во прекрасна атмосфера исполнета со балони и цвеќиња, вкусни јадења подготвени од врвни готвачи и коктел мајстор резервиран само за семејството, Блажевски уживаа во домашната забава која им ја овозможи Т-Home

Весели и помалку збунети домашните не можеа да поверуваат во приредената атмосфера.

“Се одлучивме за новата Т-Home Call&Surf понуда, која ни овозможи брз интернет, бесплатни меѓусебни разговори и едномесечно тестирање на MaxTV. Ова е нешто навистина посебно! Се чувствуваме како да сме во некој елитен ресторан во некоја светска метропола” – изјави задоволно Елизабета и додаде:

Call&Surf понудата на T-Home го направи нашиот дом поорганизиран и повесел, без постојаните препирки околу тоа што да се гледа. Можеме да снимаме емисии, па и по неколку пати да им ги пуштаме на децата, а сопругот да си го сними саканиот фудбалски натпревар и да го гледа подоцна”

T-Home ќе продолжи со прекрасните изненадувања носејќи повеќе забава во домовите на корисниците.

 

Copyright © 2009 selotejp.com