Иако од бројни неофицијални извори веќе дознавме и објавивме дека новиот Windows 7 ќе пристигне до крајот на годинава, истата информација сега ја потврди и Microsoft.Со оваа верзија на нивниот оперативниот систем, во Microsoft се надеваат дека ќе ги корегираат грешките поради кои Vista едноставно не беше доволно user-friendly за поголемиот дел корисници.
Во Microsoft веруваат дека голем број од корисниците ќе ја прифатат "седмицата" и ќе започнат да ја користат наместо Vista, но и Windows XP - кој и понатаму е исклучително популарен меѓу корисниците.










