-->

Pure Digital Flip Ultra HD

Pure Digital ја надгради својата Flip Ultra серија на дигитална камера со моделот HD, кој како што и самото име кажува снима видео исечоци во резолуција од 720p. Оваа камера е слична на моделот Flip Mino HD, претставен минатата година.

Новиот модел за разлика од Mino HD моделот, кој доаѓа со 4GB интерна меморија, без опција за проширување, UltraHD поседува 8GB флеш меморија која овозможува снимање на 120 минутен видео материјал. Исто така новата камера има поголем екран, со дијагонала од 2-инча.

За пофалба е опцијата што камерата може да користи заменливи AA батерии, а новост е и HDMI портот кој ви овозможува камерата да ја споите со HDTV уред и на него да ги гледате видео клиповите во HD резолуција.

Ultra HD камерата сепак е малку потешка од Flip Ultra, но ако се земат предвид подобрувањата, тоа нема да им пречи на повеќето корисници. Цената на оваа камера во САД изнесува 199.99 долари, што е за 30 долари помалку во споредба со Mino HD моделот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com