-->

Wolfram Alpha

Wolfram Alpha е најавен како убиец на Google. И мораме да признаеме дека досега се покажа како вистински професионалец. Не е финтата во тоа што дава подобри или поисцрпни одговори, туку дека нас ни е некако поблизок.

Сигурно ве фатило сафра кога некогаш сте барале нешто на Google па тој ќе ви исфрли 62754872364 резултати, па ај сега снајди се да те видам и најди тоа што конкретно ти треба, отвори ја секоја страна, па различни информации, па на француски и сто шитови. Кај Wolfram ситуацијата е поинаква. Тој е поискрен. Кога нешто не знае - си признава, кога знае - дава многу точен и прецизен одговор.

Па така, го прашавме кај се наоѓа женскиот клиторис, а ни кажа дека нема поим што да прави со ова прашање. Искрено. Се гледа дека е маж.

 

Copyright © 2009 selotejp.com