-->

128 GB во вашиот џеб

Не толку одамна им се радувавме на USB стикчињата со капацитет од 64 и 128 мегабајти, а сега компанијата Kingston не води во досега неистраженото подрачје со капацитет од дури 128 гигабајти.

Да, добро прочитавте. Kingston Data Traveler 200 е USB мемориски стик со капацитет од 128 гигабајти, што го прави најпространиот уред од овој тип досега. Заедно со големиот капацитет, Data Traveler 200 носи и заштита од удари, прашина и влага и дизајн кој овозможува криење на USB приклучокот во телото на уредот, што значи дека не ви е потребно заштитно капаче кое и така се губи или почнува да паѓа по некое време.

Цената е високи 546 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com