-->

Кристијано Роналдо во Реал Мадрид за рекордни 96 милиони евра

Реал Мадрид на Манечстер Јунајтед му испорача рекордна понуда од 96 милиони евра за услугите на Кристијано Роналдо, објави англискиот клуб.

Во соопштението кое стои како ударна вест на официјалниот веб-сајт на црвените ѓаволи, уште стои: „На барање на Кристијано - кој уште еднаш ја повтори својата желба за заминување од клубот - и после дискусијата со агентите на португалецот, Јунајтед се согласи да му даде дозвола на Реал Мадрид да започне официјални разговори со играчот. Официјалното завршување на формалностите околу трансферот се очекуваат најдоцна до 30-ти јуни“.

Неофицијално, се верува дека Роналдо ќе добие 6-годишен договор со годишна плата од 9.5 милиони евра, а играчот ќе отстапи 40% од своите маркетиншки права на Реал Мадрид.

После трошењето на мало богатство во трансферот на Кака од Милан, старо-новиот претседател на Реал Мадрид Флорентино Перез се чини дека повторно ќе го сруши светскиот рекорд во највисоко платена сума за трансфер на еден играч, со 96-те милиони евра кои ги одвои за Кристијано Роналдо.

 

Copyright © 2009 selotejp.com