-->

Пикасо е најзначајниот уметник на минатиот век

Пабло Пикасо е најзначајниот уметник на минатиот век, покажа истражувањето на магазинот Times и уметничката галерија Saatchi.

Во анкетата која траеше шеснаесет недели учествуваа повеќе од 1.4 милиони испитаници. 21.587 од нив како најзначаен уметник кој делувал после 1900 година го одбраа шпанскиот сликар и основоположник на кубизмот, Пабло Пикасо.

На второто место се пласираше Пол Сезан со 21.098 гласа, а меѓу десетте најпознати се и Клод Моне, Густав Климт, Марсел Дишамп, Анри Матис, Џексон Полок, Енди Ворхол и Пит Мондријан.

Магазинот Times и галеријата Saatchi ја понудија листата на 200 највлијателни уметници кои твореле после 1900 година, свесни за нејзините аномалии и недоследности со зборовите: „не постои за да се согласите со изборот, туку да дискутирате за него“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com