-->

Роди ме мајко Хју Хефнер...

Императорот на Playboy царството Хју Хефнер е на големи маки. Да не му е човек во кожата деновиве... Имено, пред скоро време во својот харем вклучи два новитети: 19-годишни близначки по име Кариса и Кристина, и сега старото магаре не може да ги распознава која е која.

„Немам поим која е која. Но сепак успевам едвај да ги препознаам, и тоа само затоа што едната од нив има мал белег на вратот“, изјави 80-годишниот (да, о-сум-де-сет) Хефнер кој во последно време, освен со препознавање на близначките мака мачи и со прашањето кој би можел да го отелотвори на филмското платно.

„Разговарав со Роберт Дауни јуниор и многу е веројатно дека тој ќе ме глуми. Роберт е магичен актер и би бил многу почестен кога ова би се реализирало“, изјави Хеф.

Знаеме дека статијава револтира, бидејќи секој сака да биде како Хју Хефнер и гледајќи го како си го живее животот на 80 години човек може да се исфрустрира, но гледајте на за сите нас позитивната страна од целава приказна!

*Кога ќе успеете да ја најдете позитивната страна, пишете мејл. Ве молиме.

 

Copyright © 2009 selotejp.com