-->

Орландо дојде до првата победа

Во третиот натпревар од плејофот на НБА лигата, Орландо утрово на свој терен ги совлада Лејкерси со 108:104 и го намали водството на противникот на 2:1 во серијата која се игра до четири победи.

Кошаркарите на Орландо конечно остварија победа во финалната серија од плејофот, највеќе благодарение на квартетот Рашард Луис, Хидајет Туркоглу, Двајт Хауард и Микаел Пјетрус. Луис освен 21 поен оствари и пет скокови и исто толку асистенции. Туркоглу и Пјетрус постигнаа по 18 поени, додека Хауард го заврши натпреварот со 21 кош и 12 скокови.

Во тимот на Лејкерси се истакна Коби Брајант со 31 поен, додека Пау Гасол постигна 23.

Наредниот натпревар во кој Орландо повторно е домаќин ќе се игра ноќта помеѓу четврток и петок по наше време.

 

Copyright © 2009 selotejp.com