„Македонски храмови“ е насловен новиот спот за промоција на Македонија на режисерот Милчо Манчевски, што деновиве премиерно ќе биде прикажан на Си-Ен-Ен.Спотот е сниман два месеци на локации во Зрзе, Варош, Матка, Вељуса, Велес, Мустафа-Пашина Џамија и ГТЦ во Скопје.
Ова е четврти спот во циклусот Македонија - вечна. Премиерниот го режираше Милчо Манчевски, вториот во серијата е на Игор Иванов - Изи, а третиот е на Ѓорче Ставревски.
Првиот спот на Манчевски освои прва награда за спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Полска, и предизвика огромен меѓународен интерес. Спорот има над половина милион посети на интернет линкови.










