Сопствениците на Mac Pro можат да ги надградат своите компјутери со посилна графичка карта од линијата GeForce GTX 285. Картичката, производ на компанијата EVGA, претставува стандарден модел со 240 stream процесор со гигабајтна GDDR3 меморија со ефективен такт од 2.584 MHz.Секако, тука е поддршката за CUDA, PureVideo HD и сите останати технологии кои доаѓаат со оваа линија, а картичката својата целосна моќ треба да ја покаже со излагањето на Snow Leopard и поддршката за OpenCL. Цената на графичката карта изнесува 450 американски долари.










