![](http://img200.imageshack.us/img200/7595/42235295.jpg)
HP Photosmart Premium факсот „сè во едно“ им овозможува на корисниците да печатат сè што ќе посакаат виртуелно во било кој дел од домот или канцеларијата.
Слободата и флексибилноста кои ги нуди оваа алатка ќе ве поврзат со компјутерот или „notebook“ користејќи ги можностите за мулти поврзувања вклучувајќи го и надогардениот Wi-Fi, Bluetooth® и Ethernet портот – едноставното безжичено подесување го прави печатењето преку мрежата многу поедноставно од било кога.
HP Photosmart Premium факсот „сè во едно“ е HP-овиот прв DLNA сертифициран печатач кој им овозможува на корисниците да се поврзуваат, да споделуваат и да печатат безжично од PLAYSTATION3 (PS3) и останати алатки. Оваа алатка е одликувана со ENERGY STAR® епитетот што значи дека ќе ви овозможи ефикасна работа со минимално користење на енергија.
![](http://img195.imageshack.us/img195/9665/78287040.jpg)
Споделувањето на печатач во домашни услови или канцеларија нуди огромен број на придобивки, од аспект на флексибилност и намалување на нередот до споделување на пристапот па се до широкопојасниот интернет.
Кога споделувате една алатка која нуди повеќе функции како што се: печатење, скенирање и праќање на факсови немионовно е дека вие ќе успеете да ги заштедите не само трошоците туку и ќе ја зголемите вашата организираност и успех во работата.