-->

iPhone за гејмери

Според последните истражувања, гејмерите и љубителите на преносни играчки конзоли се повеќе се заинтересирани за купување на iPhone, отколку за PSP и DS.

Apple направи вистински бум со iPhone и iPod Touch кои се покажаа како одлични играчки платформи, но тоа што (новиот) iPhone 3G S би требало да го понуди на своите корисници, може сериозно да го разниша статусот на PlayStation како водечка компанија за производство на преносни играчки конзоли.

Новиот iPhone 3G s доаѓа со подобрен процесор - 600MHz ARM Cortex A8, како и графички процесор PowerVR SGX 520 со 256MB RAM. Ова секако би требало да му овозможи на уредот двојно подобри перформанси во однос на претходната верзија, па на 3G S очекуваме да видиме далеку поатрактивни и посложени игри.

Токму големиот и "непресушен" број на игри и апликации за iPhone се клучниот фактор за популарноста на овој уред, што не е случај кај (пример) Palm Pre - кој располага со слични карактеристи (процесор и графика) како iPhone 3G s.

 

Copyright © 2009 selotejp.com