Натписите во Wikipedia од 2001 година може да ги уредува секој корисник на интернет страницата, а во моментов е една од најпопуларните места на интернет за сите оние на кои им треба генерални информации за луѓе, појави и настани.
Креирањето на книгата траело две недели.
- Ја споредувам интернет Wikipedia со традиционалните енциклопедии, но сепак ги ставам во ист формат. Сакав да ја претставам сегашната ситуација кога секој на кому му треба некаква информација оди на интернет и таму ја бара. Сепак, интернетот во споредба со енциклопедиите е многу недоверлив извор, вели Роб Мерјус.
Селекцијата на натписите 22-годишниот Англичанец ја вршел особено внимателно, трудејќи се во книгата да го понуди тоа што е најинтересно на сајтот.
- Текстовите се она што е најдобро на Wikipedia, а избрани се според квалитетот, неутралноста, точноста, комплетноста и стилот на пишување, вели Метјус, кој се надева дека неговата книга ќе може да ја пушти во продажба.
Реакциите кои Метјус ги доби за подготвувањето на книгата биле одлични, вели тој, и се надева дека тоа ќе се случи и со крајниот производ и продажбата.