-->

Тинејџер измами авионска компанија

Во измамата која неодоливо потсеќа на филмот на Стивен Спилберг "Фати ме ако можеш", тинејџер ги измамил директорите на британската авионска компанија и ги уверил дека е тајкун кој планира да отвори сопствена авионска компанија.

Под псевдонимот Адам Таит, 17 годишник од Јоркшир се претставил како бизнисмен во раните дваесетти години, тврдејќи дека поседува неколку авиони и низа соработници. Во Џерзи се нашол со директорот на тамошниот аеродром за да се договорат околу намалување на цените на авионската компанија која би требало да лета низ цела Европа.

Настапот на Таит бил толку уверлив што директорот му ветил состанок и следната недела, но всушност неодоливо потсеќа на ликот Леонардо Ди Каприо од филмот "Фати ме ако можеш". Филмот се базира на вистинска приказна за Frank Abagnaleu кој од 16 до 20-та година од својот живот успешно глумеше пилот.

Тинејџерот се припремал шест месеци за овој потфат, пуштал пораки од различни email-ови се додека не станал сомнителен. Спрема Sunday Times, го испитувала полицијата од Essex, но против него нема да биде покрената тужба бидејќи тинејџерот боледува од облик на аутизам кој го памти апсолутно секој детал од авионскиот распоред.


Сподели                                                                                                                 [ 20-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com