-->

Како изгледа кога ќе полета iPhone

Ах, тој iPhone - за некои потребен предмет, а за некои предмет кој ќе го заврзат за авион на далечинско управување и ќе го пуштат во воздухот со прилично голема шанса дека ќе се уништи.

Што навистина се случило со iPhone-от во текот на летот и после слетувањето, нема да ви откриеме, ќе мора сами да го погледнете видеото. Камерата на новиот iPhone 3GS (знаеме дека станува збор за новиот модел затоа што од снимката очигледно е дека камерата има автофокус) направи солидна работа, очекувавме повеќе тресење и попречување, но сликата е прилично чиста.

За автентичноста на самиот видео исечок, секогаш постојат одредени сомнежи, но оваа снимка изгледа прилично реална. Погледнете и осудете сами.




Сподели                                                                                                                 [ 17-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com