R & B ѕвездата Крис Браун (20) вчера беше осуден на условна затворска казна од пет години и шест месеци општествено корисна работа, бидејќи во февруари ја претепа својата поранешна ...... девојка Ријана, а во наредните пет години не смее да и пријде на пејачката.
Судијката од врховниот суд во Лос Анџелес, Патриша Шнег Браун го предупреди дека можи да заврши во затвор доколку прекрши било кој услов, вклучувајќи го и оној да се држи најмалку 100 метри подалеку од Ријана.
Браун би требало да помине и едногодишно советување за неприфатливоста на семејно насилство.
Ријана не била присутна за време на судењето, а Браун беше придружуван од неговата мајка.
Адвокатот на Ријана рече дека 21-годишната пејачка не се противи на забраната за приближување, која допушта да се приближат еден до друг само доколку тоа го бара работата.
![]() |
[ 26-08-2009 ] |











