-->

Википедија и службено се сели на iPhone

Корисниците на iPhone до сега содржините на најголемата онлајн енциклопедија можеа да пристапат на неколку начини - било преку неслужбени апликации или преку ...

... пристапот на мобилната верзија на страната. Сега Википедија претстави своја службена апликација за iPhone.

Под името Wikipedia Mobile се крие бесплатна апликација наменета за корисниците на iPhone. Апликацијата го овозможува она што се очекува од неа - пристап до содржините на овие онлајн апликации преку iPhone, и тоа на наједноставен можен начин.

Како што изјавуваат официјалните програмери, при изработката на апликацијата најважно им било да биде едноставна и брза, а со текот на времето ќе ја надоградуваат, што на корисниците ќе им донесе и по некои напредни опции.

Исто така, Wikipedia Mobile е претставена под open source лиценца, што на заинтересираните корисници им овозвожува да се вклучат во нејзиниот развој.


                                                                                              [ 22-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com