Познатиот холивудски актер Патрик Свејзи почина на 57-годишна возраст како последица на заболувањето од рак на панкреасот, кој му беше дијагностициран во јануари 2008. Борбата со ракот, која за него не изгледаше невозможна за добивање после првичните подобрувања по хемотерапијата, се чини дека започна да ја губи засекогаш на 19. април оваа година кога неговите доктори го информираа дека метастазите на ракот се прошириле и врз неговиот црн дроб.
20 месеци после првичната дијагноза, најсекси мажот за 1991. година според People магазинот, во својот дом и во кругот на фамилијата, почина мирно на 14. септември 2009. година.











