-->

Новата песна на Џексон ќе излезе во октомври

„This is it“, новата музичка нумера на Мајкл Џексон ќе биде објавена како сингл на 12 октомври, најавуваат од компанијата Sony Music Entertainment.

Песната во која како бек-вокали се појавуваат браќата на Мајкл, ќе биде дел од двојното CD во кое ќе има музика користена во филмот „This is it“.

Албумот ќе се појави на 26 октомври. На првиот диск ќе се најдат двете верзии од споменатиот сингл и обработките на оригиналните хитови кои беа прилагодени за филмот. На второто CD ќе се најдат досега необјавените песни на кралот на поп музиката.

Филмот „This is it“ својата премиера ќе ја има на 28 октомври.


                                                                                              [ 24-09-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com