-->

Леброн Џејмс достигна до 12.000 поени во кариерата

Кошаркарите на Кливленд синоќа остварија победа над Торонто, а на овој меч играчот на Кливленд Леброн Џејмс постигна 33 поени и со тоа дојде до бројката од 12.000 поени во кариерата.

Кливленд го совлада Торонто со 101:83 и ја оствари 23-та последователна победа на домашен терен, поправајќи го клупскиот рекорд од сезоната 1988-1989.

Во другите натпревари, кошаркарите на Бостон во неизвесната завршница од натпреварот успеаа да ја совладаат Филаделфија со 100:99.

Хјустон го победи Чикаго со 107:100, а Њу Џерси го победи Милвоки со 99:85. Кошаркарите на Денвер беа подобри од Сан Антонио со 104:96, додека Минесота славеше над Индијана со 116:111.

 

Copyright © 2009 selotejp.com