-->

Автомобил кој пичи со 1.228 км/ч

Заборавете на Ламборџини, Ферари и тјунирани Југца. Најбрзиот автомобил на светот е Trust SSC и оваа титула гордо ја носи веќе 12 години.

Ричард Нобл отсекогаш бил опседнат со брзината. Со години работел како пилот, а од 1983 до 1997 година го држеше рекордот за најбрз возач на светот.

Постои само едно место на светот кое е доволно рамно, доволно изолирано и доволно безбедно за рушење на рекордот за брзина на земја, а тоа е пустината Блек Рок во Невада. Оваа пустина некогаш била езеро, но сега останало само суво и рамно тло, идеално за "бркање" автомобили кои го пробиваат звучниот ѕид.

Ричард своите рекорди ги поставил токму во оваа пустина, а таму во 1997 година го донел Trust SSC, новиот млазен автомобил со кој планирал да го собори рекордот уште еднаш. Но, овој пат не возел тој, туку зад воланот седнал воениот пилот Енди Грин. Енди уште во првиот обид постигнал брзина од 1.228 км/ч, го пробил звучниот ѕид и поставил рекорд кој важи и ден денес.

Trust SSC е долг 16,5 метри, тежи 10 тони и има два млазни Ролс Ројс мотори кои трошат 18 литри гориво во секунда. Или, во превод, тоа е 5.500 литри на 100 километри.

 

Copyright © 2009 selotejp.com