-->

Патнички авион се урна во Бафало, 49 загинати


Патнички авион, во кој се наоѓале 44 патника и четворица членови на екипажот, рано изутринава се урна врз куќа во предградие на Бафало, во американската држава Њујорк, соопшти полицијата.

- Нема преживеани меѓу 48-те лица во авионот, а еден човек загина на земјата, изјави портпаролот на њујоршката полиција Ребека Гибонс.

- Сега размислувам на најлошото, истакна Крис Кауснер, чија сестра Елис била во авионот.

Авионот „Бомбардиер Даш 8 Q400“, што полетал од Њујорк, во Њу Џерси, се урна на 8 километри од меѓународниот аеродром Бафало Нијагара.

Авионот по ударот бил зафатен од голем пламен и облаци од чад.

Две лица, кои биле на земја, се лесно повредени и веднаш се префрлени во болница.

Дванаесет куќи кои се наоѓаат во близина на несреќата биле веднаш евакуирани поради опасност од истекување и експлозија на керозинот од урнатиот „Бомбардиер“.

Авионот на компанијата „Колган Ер“ сообраќаше на линијата Њу Џерси-Бафало, а се урна во предградието Кларенс Сентер околу 22.30 часот по локално време.

Причините за уривањето на авионот се` уште не се познати. Во моментот на несреќата во Бафало паѓал силен дожд.

 

Copyright © 2009 selotejp.com