-->

Почина британскиот драматург Харолд Пинтер


Британскиот драматург и носител на Нобелова награда, Харолд Пинтер почина на 78 годишна возраст, соопшти неговата сопруга Антонија Фрејзер.

Пинтер, кој ја доби Нобеловата награда за литература во 2005 година, веќе неколку години боледуваше од рак.

„Тој беше голем човек и беше привилегија да живеете со него цели 33 години“, изјави неговата сопруга.

Харолд Пинтер е англиски писател, кој постигна светски успех и се смета за еден од најкомплексните писатели по Втората светска војна.

Неговите дела се препознатливи по употребата на тишината, што ја зголемува тензијата во корист на недоволното разбирање.

Во иста мерка препознатливи се и „Пинтеровите теми“ – еротска фантазија, безимена закана, опсесивност и љубомора, семејна омраза и психичка вознемиреност.

 

Copyright © 2009 selotejp.com