-->

Њујоршки инвеститори уапсени за измама тешка 668 милиони долари

Двајца њујоршки инвеститори, чии имиња не се соопштуваат, вчера се уапсени поради измама во вредност од 668 милиони долари.

Бизнисмените, на возраст од 61 и 64 години, во периодот од 1996 до 2009 година им ветувале огромни заработувачки на хуманитарни фондации, универзитети, пензиски фондови и други пензиски органи, доколку им доверат средства кои ќе бидат инвестирани во исплатливи зделки.

Едниот од уапсените парите ги потрошил за скапи предмети и коњи, додека другиот ги заштедил за себе си и сопругата.

Доколку бидат прогласени за виновни двајцата инвеститори можат да бидат осудени на 45 години затвор и парична казна од 5,5 милијарди долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com