-->

Над половина Американци имаат финансиски проблеми

Повеќе од половината Американци чувствуваат финансиски проблеми поради последиците од економската криза, покажуваат резултатите од анкетата на телевизијата „Еј-Би-Си“ и весникот „Вашингтон пост“.

Речиси половина од анкетираните граѓани одговориле дека имаат проблеми со исплаќањето на хипотекарните кредити или станарината.

Последиците од кризата се најтешки за Американците на возраст меѓу 30 и 64 години, кои имаат најголеми материјални задолжувања. „Финансискиот притисок“ во оваа возрасна група го чувствуваат 64 отсто од испитаниците.

Економската криза се забележува и во одговорите на анкетираните во врска со нивните пензиски заштеди. Финансискиот товар го чувствуваат 72 процента од анкетираните граѓани кога одговараат на ова прашање, додавајќи дека се сомневаат дали ќе им бидат доволни овие пари за нормален живот по нивното пензионирање.

 

Copyright © 2009 selotejp.com