-->

Audi TT RS во купе и роадстер изведба

Овогодинешниот салон на автомобили во Женева, Audi ќе го одбележи со неколку премиери, помеѓу кои ќе се истакне најбруталната изведба на TT: RS во купе и роадстер изведба.

ТТ RS доби нов 2,5 литарски турбо мотор со пет цилиндри, 340 КС и вртежен момент од 450 Nm. Силата со помош на рачниот шестостепен менувач се пренесува на сите четири тркала низ последната генерација на Quattro системот на Audi.

ТТ RS доби и унапреден систем на кочници, а спринтот до стотка трае помалку од пет секунди, додека автомобилот постигнува 250 км/ч поради електронското ограничување на максималната брзина.

Што се однесува до изгледот, TT RS од моделот TT S се разликува по нешто поагресивно обликуваниот аеродинамичен пакет и нешто поголемите всисувачи на воздух, како и по различните алуминиумски фелни.

Двата автомобили, купе и роадстер, во продажба треба да се најдат кон средината на оваа година. Кај нас малку подоцна, како и се останато : )

 

Copyright © 2009 selotejp.com