-->

Историска победа на Линдзи Вон


И овој зимски викенд беше исполнет со интересни натпревари во рамките на Светскиот куп во скијање. Во центарот на случувањата беа патеките во Тревизо, каде Линзди Вон успеа да освои уште едно злато во супер велесласлом.

Американката Линзди Вон ја постигна 19. победа во трките од Светскиот Куп, со која стана најуспешната скијачка во американската историја. До титулата Вон стигна постигнувајќи време од 1:21:72 минути.

До оваа сезона најуспешна во Американка беше Тамара Мек Кини со 18 победи, една помалку од сега веќе водечката Вон.

Во трката за златото второто место и припадна на швајцарката Фабиен Сутер која заостана 51 стотинка за Вон, а третопласирана беше словенката Тини Мазе со 67 стотинки послаб резултат.

Во вкупниот пласман од Светскиот куп Вон ја зголеми предноста за на 299 бодови пред германката Марија Риш, која заврши на слабото 17-то место во оваа трка.

 

Copyright © 2009 selotejp.com