-->

Надал како Џемс Бонд

Победата на неодамна завршениот Австралија Опен шпанскиот тенисер Рафаел Надал го прослави со купување нов автомобил. Но, не каков било! Станува збор за Астон Мартин DBS V12 каков љубителите на Џемс Бонд имаа можност да видат во филмот Casino Royal.



Се работи за луксусен автомобил чија вредност неофицијално изнесува околу 300 илјади евра, брзина од 100 километри на час развива за само четири секунди, а максималната брзина му е околу 300 километри на час. Таков автомобил има уште еден голем љубител на автомобили, Кристијано Роналдо членот на Манчестер Јунајтед и најдобар светски фудбалер за 2008 година.

Инаку, токму тој тип на автомобил се прослави во филмот Casino Royal, една од последните приказни за Џемс Бонд. Единствената разлика меѓу Бонд и Надал е тоа што шпанскиот тенисер е исклучително мирно момче кој покажува дека и покрај скапите автомобили може да биде вистински пример на бројните фанови и љубители на тенисот во целиот свет.

 

Copyright © 2009 selotejp.com