-->

Жена зад волан

Некои од најлошите жени зад волан се наоѓаат на ова триминутно видео, кое стана вистински хит. Се судираат, превртуваат, се обидуваат да се паркираат...

Колку пати сте чуле некој да каже: ’Ах, жена зад волан?’. Жените велат дека тоа е само стереотип, но ова триминутно видео дефинитивно не им оди во прилог. На YouTube стана вистински хит, а прикажува жени зад волан во многу ситуации. Се удираат во многу предмети, се превртуваат, погрешно проценуваат...

Така една жена не успеала да се паркира во рикверц полни четири минути, па изнервираниот шофер од другиот автомобил се понудил да се паркира наместо неа, и успеал во тоа уште од првиот обид. На коментарите под видеото настанала вистинска војна помеѓу мажите и жените. Жените секако ги бранеле жените шофери тврдејќи дека мажите исто така прават глупави грешки и дека може да се сними видео и со нив. Други жени не можеле да веруваат како некои жени шофери се толку неспособни. Некои мажи тврделе дека не сакаат да седнат во автомобил, доколку е жена зад воланот затоа што стравуваат за својот живот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com