-->

Осаменоста е штетна како и пушењето

Недостатокот на комуникација со другите луѓе не само што предизвикува чувство на тага, туку може и да влијае на физичкото и менталното здравје. Чувството на изолација и отфрленост го зголемува крвниот притисок, нивото на стрес, а ги зголемува и шансите за заболување од Алцхајмерова болест.

Осаменоста исто така ја намалува силата на волјата, издржливоста и толеранцијата. Истражувањето го водеше професорот Џон Качиопо од Универзитетот во Чикаго, кој додава дека осаменоста влијае на имунитетот и на зголемувањето на депресијата.

"Осамените луѓе имаат покревко здравје. Помалку вежбаат и полесно се откажуваат. Јадат повеќе нездрави маснотии и шеќери", изјави професорот Качиопо, додавајќи дека разликата во здравјето помеѓу осамените и друштвените луѓе е еднаква на онаа помеѓу пушачите и непушачите.

Професорот додатно предупредува дека осаменоста и изолацијата со тек на време ќе земат се поголем замав. Во модерното општество се повеќе постојат традиционални фамилии, луѓето имаат се помалку деца и се помалку блиски пријатели во споредба со минатите генерации.

 

Copyright © 2009 selotejp.com