-->

Само во Јапонија

Постојано се чудиме на многу навики, обичаи или некои постапки на нашите далекуисточни соседи, Јапонците. Тие, како по обичај, секогаш успеваат додатно да не запрепастат. Овој пат се работи за бизарна видео игра која симулира чин на силување.

Екипата на он-лајн продавницата Amazon извести дека од својата понуда одлучи да ја исфрли играта "RapeLay", изработка на Illusion Software, која пред виртуелните играчи поставува задача да силуваат девојки.

"Rapelay" е игра претставена уште во 2006 година, но исклучиво за јапонскиот пазар. Своето место на страниците на Amazon го нашла преку одредени корисници кои својот примерок (откако веројатно силувале половина град) одлучиле да го стават на on-line продажба.

"Одлучивме дека не сакаме да ја продаваме оваа игра на нашиот сајт", изјави Пети Смит, портпаролот на Amazon.

Неименуваниот портпарол пак на фирмата Illusion Software како контра-реакција изјави дека не гледа ништо спорно во играта RapeLay имајќи во предвид дека нејзината продажба без проблем е одобрена во Јапонија.

Сигурни сме дека не гледа ништо спорно... и дека е Jапонец.

 

Copyright © 2009 selotejp.com