Грција мора да одговара за геноцид врз македонскиот народ, а на Македонија мора да и исплати околу пет илјади милијарди оштета за експлоатација на природните ресурси во окупираниот дел од Македонија од 1912 година до денес!
Светскиот Македонски Конгрес ги отфрла обвинувањата на грчката министерка за надворешни работи Пандора Бакојанева за наводно националистичка политика на Македонија во односите со Атина и апелира на македонско-грчко помирување. СМК и понатаму смета дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата за Македонија од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите полтички нации.
Ако расизмот и нацизмот на Атина, геноцидот врз македонскиот народ и промената на државното име Македонија, се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур, Македонија го отфрла пристапувањето во сојуз со Европската Унија и НАТО!
Европската Унија и НАТО мора да ја вразумат Атина за расистичката и нацистичка политика, бидејќи тоа може да и’ се врати како бумеранг, во прифаќањето на уставната референца „Република“ пред државното име Македонија како јасна дистинкција од истоимената северна грчка провинција окупирана од Атина во Балканските војни 1912-1913 година, - се вели во соопштението на Светскиот Македонски Конгрес.