-->

Спахиќ местел натпревари во Русија


Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Спахиќ е ставен на листата на играчи кои се бркаат од Локомотив од Москва, под сомневање дека помагал во местење и местел натпревари.


Во руското првенство избувна афера дека бил наместен натпреварот помеѓу Химки и Локомотива, кој Химки го добија со 2-0.

Имено, нив им требале поени за опстанок, а Емир Спахиќ при постигнување на еден од головите се тргнал и воопшто не се борел за топката, по што сите почнаа да го навредуваат и критикуваат. Tогашниот негов колега Сергеј Гурјенко, сега играч на Динамо од Минск, изјави дека босанскиот капитен го продал натпреварот.

„Такви играчи не ни требаат во тимот“, изјави претседателот на Локомотива.

Според руските медиуми, Емир го бие глас за нечесен играч кои слични „зделки“ го прогонуваат уште од кога играше во Торпедо и Шиник.

„Не верувам во тоа, Спахиќ е чесен играч. Имал некои несогласувања со тимот, сакал да си оди, не му давале, но лаже дека продавал натпревари. Емир е чесен човек и играч, никогаш не би го направил тоа“, рече селекторот на БИХ, Мирослав Блажевиќ, не двоумејќи се дека ке остане капитен, доколку најде нов тим и игра.

А како што се движат работите тоа ке биде за брзо, бидејќи рускиот Криља Совјетов сакаат да го ангажираат, па го бараат на тест период.

 

Copyright © 2009 selotejp.com