-->

Видео: Милан минимално, Фиорентина се спаси



Росонерите со погодокот на Сидорф го совладаа Каљари, додека победата на Фиорентина во последните моменти и ја донесе Адриан Муту.
Без Кака, Роналдињо и Пато Милан сепак некако успеа да дојде до минимална победа против Каљари иако играата што ја прикажаа фудбалерите не влева оптимизам кај нивните навивачи. Погодокот на одлука го постигна Сидорф во 65 минута, а Каљари не успеа да ја конкретизира иницијативата која ја имаше во нервозниот и напнат финиш на натпреварот.

Половина минута пред крајот на натпреварот Муту и донесе победа на Фиорентина против Киерво кој на полувремето водеше со 1:0. Најинтересниот момент се случи пред да биде постигнат погодокот на Романецот, кога фудбалерите се спречкаа, а Јепес дури тргна физички да се пресмета со гостинските играчи. Сепак, со помош на редарите се заврши во најдобар ред.

Лошата форма на Наполи беше видлива и во неделниот натпревар со Џенова од која на свој терен претрпеа минимален пораз 0:1. Стрелец за гостите беше Бошко Станковиќ во 69 минута од натпреварот.

Непредвидливиот Лацио со погодоците на Фоџа и Коларов во гости го совлада Лече кој немаше среќа затоа што четири нивни удари завршија во пречката на голманот Муслера.

Минимални победи остварија Сампдорија и Торино, а Реџина со поразот од Катанија потона уште подлабоко.

 

Copyright © 2009 selotejp.com