-->

Бакојани: Грција ги поддржува преговорите, и покрај тактиката на одолговлекување од Скопје

Македонија, 24 февруари, (Нетпрес) - Министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, ја повика Поранешната југословенска Република Македонија да престане со нацоналистичката политика, за да биде можно постигнување на компромисно решение за спорот со името, пишува весникот “Елевтерос типос“.

Бакојани ова го изјавила во рамките на својот говор во институтот за меѓународни односи на тема “Колективна безбедност во 21 век. Градење нови мостови“, во Вашингтон, каде е на посета.

Во интервју за весникот на Грците во САД “Национален глаштај“, Бакојани посочува дека власта во Скопје сама става пречки пред реализирањето на своите европски и евроатлантски амбиции, знаејќи дека решавањето на спорот со името е претпоставка за присоединување на Македонија кон НАТО и ЕУ.

Шефицата на грчката дипломатија одбележала и дека Грција сепак ја поддржува преговарачката процедура со Македонија, и покрај тактиката на одолговлекување од страна на Скопје.

 

Copyright © 2009 selotejp.com