-->

Мурињо: Манчестер е силен поради мене

Контроверзниот тренер на Интер, Жозе Мурињо, изјави дека токму тој е причината поради која Манчестер Ј. направи толку силен тим во последните неколку сезони. Мурињо изјави дека силата на Челзи го натера Манчестер Ј. да размислува на скап и силен тим. Манчестер, инаку е противникот на Интер во осминафиналето од Лигата на Шампионите.



На само еден ден до дуелот, доаѓа и информацијата дека вчера против Блекбурн се повреди Џони Еванс, кој заедно со Рио Фердинанд требаше да го чини последниот бедем пред Ван Дер Сар. Немања Видиќ нема прво на настап поради црвениот картон добиен во финалето од Светското клупско првенство. Младиот дефанзивец го повредил глуждот и неизвесно е дали ќе се рехабилитира до вторник, а на листата на повредени се наоѓаат и Вес Браун и Гери Невил, додека Џон О’Шеј сеуште не е доволно рехабилитиран од повредата на стопалото добиена на натпреварот со Фулам.

Првиот меч меѓу шампионот на Европа и првакот на Италија се игра на 24-ти февруари во Милано, а реваншот е две недели подоцна на "Олд Трафорд".

 

Copyright © 2009 selotejp.com