-->

Видео:Оскари за Шон Пен и Кејт Винслет, “Милионер од Улица“ најдобар филм


САД, 23 февруари, (Нетпрес) - Апсолутен победник, со осум освоени Оскари е индискиот филмски хит “Милионер од улица“, на доделувањето на најпрестижната филмска награда, кое вчеравечер се одржа во Холивуд.

Со златна статуетка се закити и режисерот на овој филм, Дени Бојл. “Немавме пари, не водеше страста и љубовта кон филмот, а и сценариото кое не инспирираше“, изјавиле членовите на филмската екипа на “Милионер од улица“.

За фантастично одиграната улога во филмот “Милк“, Оскар за најдобар машки актер доби Шон Пен. Ова за него е втор Оскар. Првиот го освои за филмот “Мистична Река“. “Не очекував. Навистина сум изненаден. Горд сум што живеам во земја, која има нов претседател“, рекол Пен по примањето на наградата.

Оскар за најдобра женска улога доби Кејт Винслет за улогата во филмот “Рајдер“.
“Би лажела кога не би рекла дека немав визија за себе, како за добитничка на Оскар. Како мала држев говори во купатилото, а наместо златната статуетка, држев шампон во раката. Сонот ми се оствари. Мамо, тато, свирнете, незнам каде сте во оваа огромна сала...Им се заблагодарувам на сите“, рекла Кејт.



 

Copyright © 2009 selotejp.com