-->

Адвокатите тврдат - Бајруш Сејдиу не е тобако бос

Се кршат човековите права и не се обезбедуваат докази за наводниот криминал - реагираат адвокатите на Бајруш Сејдиу и групата уапсени во акцијата Пепел.

Тврдат дека од почетокот на истрагата до денес само еднаш биле повикани од истражниот судија- за да гледаат како што велат нем филм сниман со посебни истражни мерки од кој не може да се утврди постоењето на тутунска мафија. Бајруш Сеидиу не е тобако бос - го бранат адвокатите.

Блокираните сметки на повеќе кумановски фирми оставија без леб 100тици семејства - велат адвокатите. Бараат дозвола за исплата на плати.

И судот и полицијата ги отфрлија обвинувањата на тимот на одбраната. Истрагата е завршена во согласност со закон велат од таму. Се чека закажување на судско рочиште на кое одбраната и обвинителството ќе можат да ги соочат аргументите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com