-->

Започна карневалот во Рио де Жанеиро

Најпознатиот и најпосетуван карневал, карневалот во Рио де Жанеиро започна. Се очекуваат повеќе од 700.000 туристи. Кралот Момо ги добил клучевите на градот од градоначалникот Едуард Паес, со што и официјално почнала големата забава.

Врвот на овогодишниот карневал ќе биде во недела и понеделник навечер кога се одржува дефиле на училиштата за самба.

Градоначалникот Паес изјавил дека луѓето можат да се чувствуваат безбедно, бидејќи Рио бил најдобар град во светот по забавата на карневалот.



 

Copyright © 2009 selotejp.com