На ќерката која умира од леукемија, родителите одлучиле да и ја приредат венчавката од соништата, затоа што знаат дека нема да доживее да порасне и да се омажи. Минатата недела во Тексас и направиле свеченост со цвеќе, торта и прослава, баш како на вистинските венчавки, и ја омажиле нивната ќерка за момчето кое го запознала на лечењето од леукемија во Далас. Неа и останале уште неколку седмици живот, и рекла дека сака да се омажи за Jose (7), кој се опоравува од леукемија. Тие рекле како сакаат венчавката без документи да биде прослава на животот, а децата се заколнале дека засекогаш ќе бидат пријатели.
“Ми беше супер додека танцував со тато и со баба.“-изјавила Jayle.
Родителите изјавиле дека силата на нивното девојче ги учи да го живеат секој момент во целост. Семејството и родителите помогнале да се организира прославата за помалку од една седмица.
“Тој знае што ќе се случи, но не сака таа да замине. Има само седум години и тешко се носи со целата ситуација.“- изјавила мајката на момчето.